Определување фокусно растојание на сферно огледало
Цел на вежбата
Да се определи фокусното растојание на сферното огледало со промена на растојанието на предметот од огледалото и со мерење на растојанието од ликот до огледалото.
Апаратура
Постапка
1. Направете табела во која ќе внесувате податоци за измереното растојанието на предметот од огледалото, мерење на растојанието од ликот до огледалото и пресметаното фокусно растојание.
2. Поставете го предметот на растојание 10 сантиметри од огледалото, на екран кој го држите барајте го ликот на другата страна, откако ќе го најдете измерете го растојанието од огледалото до ликот, повторувајте ја постапката за растојание 15, 20, 25, 30 сантиметри и запишувајте ги резултатите во тетратка.
Средување резултати
Користете ја равенката за сферно огледало и пресметајте го фокусното растојание од сите пет мерења, на крај најдете средна вредност.
No comments:
Post a Comment